Припадници на анти-капиталистичкото движење „Блокупа“ј ги блокираа улиците во Франкфурт кои водат до зградата на Европската централна банка. На тој начин го искажаа револтот поради острите мерки на штедење.
Демонстрантите се противат на улогата што Европската централна банка ја има во охрабрувањето на европските влади, да воведуваат непопуларни мерки. Меѓу илјада и 1500 луѓе се собраа во финансискиот реон на Франкфурт, држејќи се за раце. Носеа транспаренти со пораките: „Хуманост пред профит“, и „Војната почнува тука“. Како што изјавуваат, тие сакаат барем денеска да го попречат нормалното функционирање на оваа институција.
Како мерка на претпазливост, полицијата уште синоќа поставила барикади околу зградата на Европската централна банка.
Движењето „Блокупај“ е формирано по примерот на Окупирај го Волстрит, во 2011 година.