Про-демократските демонстранти во Хонгконг денеска маршираат кон владината куќа, каде што престојува лидерот, критикувајќи го неговиот став за демократските реформи.
Тие се навредени од неодамнешните коментари на лидерот Ленг Чун јинг кој рече дека на посиромашните граѓани не смее да им се даде преголемо политичко влијание.
Протестите низ улиците на Хонгкон траат веќе три недели, а демонстрантите заземаа некои од клучни сообраќајници.
Вчерашните преговори помеѓу активистите и влада не покажаа никаков знак за завршување на ќор-сокакот во кој се наоѓаат.
Околу 200 демонстранти денеска маршираат кон официјална резиденција на Чун јинг.
Во интервју во понеделникот лидерот на Хонгконг рече дека целоснодемократски избори, какво што е барањето на активистите, ќе доведе до популистичка политика, бидејќи според него посиромашните би имале значително поголем удел во политиката.
Владата на Хонгконг јасно стави до знаење: засега нема да има демократски избор без претходна селекција на кандидатите.
Според Аргументацијата, селекцијата извршувана од репрезентативниот Комитет за номинации, е утврдена во хонгконгшкиот устав, договорен во 1997 година при предавањето на Хонгконг на Кина.