Синоќа на полноќ заврши дополнителниот рок за доставување на кандидатски листи од страна на политичките партии до Државната изборна комисија.
Денес треба да се знае конечниот број на кандидатите за градоначалници и советници за локалните избори коишто треба да се одржат на 24 март.
ДИК во недела ќе изврши уште едно жребување по што дефинитивно ќе се знаат редните броеви на листите за гласање. Нема да се врши повторно жребување за редоследот на кандидатите за кои веќе е извршено по првичниот рок 16 февруари, туку тоа ќе се направи само за кандидираните до 8 март на полноќ.
Комисијата за верификација на фактите ќе работи цел ден за да ги провери новите кандидатури и да се утврди дали некои од кандидатите за советници и за градоначалници биле соработници со тајните служби.