„Се е подготвено за протестите. Свое присуство најавија граѓани од Бања Лука, Зеница, Мостар, Тузла…а се најавија и земјоделци, пензионери, членовите на Здружението на невработени“, изјави за klix.ba, Нихад Аличковиќ, истакнувајќи дека просторот предвиден за протестите може да биде премал и сообраќајот може да биде блокиран.
Пред парламентот на БиХ денес се очекуваат повеќе илјади демонстранти.
Полицијата веќе го одбележа местото, а граѓаните истакнаа дека и денешните протести ќе бидат мирни и без инциденти.
Веќе шест дена траат протестите во Сараево. Демонстрантите бараат итно усвојување на законот за ЕМБГ и како што најавуваат, немаат намера да се повлечат доколку законот не се усвои