Од ноќеска започна предизборниот молк кој трае се до недела до 19 часот, кога се гласа, втор круг од локалните избори 29 општини и Градот Скопје на 1.614 избирачки места со регистрирани 1.103.175 гласачи.
Втор круг гласање има во Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Брвеница, Бутел, Велес, Врапчиште, Гостивар, Дебарца, Делчево, Ѓорче Петров, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кочани, Куманово, Лозово, Могила, Ресен Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Чаир, Чешиново-Облешево и во Градот Скопје.
Во главниот град се гласа за градоначалник, а но втор круг има и во пет од 10-те постоечки скопски општини.
Во Струмица се прегласува на три избирачки места, а во Долнени ќе се прегласува на едно место.
Денеска својот глас го даваат затворениците, болните и внатрешно раселените лица, односно 988 затвореници и 73 раселени лица.