Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дени Бојл ќе снима продолжение на „Треинспотинг“

0
By on March 12, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Британскиот режисер Дени Бојл најави второ продолжение на култниот филм “Треинспотинг” (Trainspotting), со кој се прослави во 1996 година, филмот во кината би пристигнал дури во 2016. година.

Така, “Треинспотинг 2”, би се појавил во кината точно две децении по прикажувањето на оригиналниот филм кој одбележа една цела генерација на млади луѓе.

Британскиот режисер од поодамна сака да направи продолжение и во неколку наврати ја објавуваше својата намера, последен пат – пред три години.

Во изјавата за порталот “Playlist”, Бојл вели дека за второто продолжение на филм планира да го адаптира романот „Порно“ од Ирвин Велш, автор на книгата „ Trainspotting”, објавена во 1993 година. Се работи за приказна со истите ликови, чии што животни патеки се вкрстуваат десет години подоцна.

Рентон (го играше Јуан Мекгрегор) станал сопственик на ноќен клуб во Амстердам и се согласува да го финансира порно филмот на Сик бој. Сепак, мора да се соочат со Френсис Бегби (Роберт Карлајл), кој само што излегол од затвор и сака да му се одмазди на Ренотн кој исчезна со парите од продажбата на хероинот, со што заврши првиот филм.

Најголем проблем на режисерот на „Сиромашниот милионер” ќе биде да го убеди Јуан Мекгрегор да ја репризира улогата на Рентон.

Мекгрегор, кој играше во три филмови на Бојл, се уште му е лут на режисерот бидејќи насловната улога во „Плажа“ му ја даде на Леонардо Дикаприо, а не нему.

Инаку, најновиот филм на Дени Бојл – “Транс”, ќе има премиера на 27 март. Последен филм на оскаровецот беше „127 часа” од 2010 година. „Транс“ е психолошки трилер во кој играат Џејмс Мекавој, Росарио Досон и Винсент Касел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.