Тони Дескоски: Шокантно звучеше веста дека на заминување, Американскиот Претседател Бајден го помилувал својот син Хантер Бајден. Сепак, помилувањето е уставна надлежност на Американските претседатели. И тие наголемо го користат за да ги помилуваат своите блиски соработници, а и пријатели и роднини. Пред четири децении новиот Претседател Форд го помилуваше својот претходник Ричард Никсон, по оставката на Никсон. И кај нас некои поранешни претседатели си ги помилуваа партиските другарчиња. Едноставно, кога ќе дадете некому право на помилување, треба да бидете свесни дека помилуваните не се ангели, туку криминалци. А Хантер Бајден е токму тоа и затоа се квалификува да биде помилуван. Некој малу поитар и со почиста свест и разум од Бајден, ќе дадеше оставка и ќе и отвореше пат на Камала Харис да го помилува Хантер Бајден. И волкот сит и козите на број. Вака, само Хантер е сит. А Трамп ликува зашто Бајден покажа дека може да биде посебичен и посамоволен и од него!
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.