Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денови на македонската култура во Корча, Албанија

0
By Ана Василевска on October 26, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од четврток до крајот на наделава Корча ќе пулсира во духот на македонската култура. Имено, во организација на македонската Амбасада и Културно-информативниот центар во Тирана ќе бидат организирани „Денови на македонската култура“. Манифестацијата е составена од повеќе настани од областа на културата, образованието и бизнисот, што ќе се реализираат на повеќе места во градот.

Во просториите на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Фан Ноли“, проф. Виолета Јанушева за првпат пред студентите ќе го претстави курикулумот за предавања на курсевите по македонски јазик, а деканите на Падагошкиот и на Филолошкиот факултет ќе имаат работна средба во рамките на воспоставената соработка на универзитетите од Битола и од Корча.

Во делот на културно-музичкото претставување се изложбата на НУ Завод и музеј Битола со наслов „Невестински соништа“ и дел од културното наследство на Битола и Битолско, претставено од директорката Мери Стојанова, како и самостојната изложба на уметникот Зоран Кардула.

Посебен акцент на манифестацијата се средбите на директорите на државните агенции за туризам и претставници од бизнис-секторот. Директорот на Агенцијата за привлекување и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, и директорката на албанската Дирекција за туризам, Корнелија Феризај, ќе ги договараат модалитетите за заедничка соработка и настап на трети пазари.

Манифестацијата свечено ќе ја отворат амбасадорот Данчо Марковски и градоначалникот на Корча, Сотирач Фило, кои активно ќе се вклучат во настаните.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.