Џабир Дерала: Не можеме да зборуваме за вистински демократски процеси кога збориме за изборни процеси на Западен Балкан. Во тој контекст Западен Балкан предничи во искористување на национализмот и националистичката омраза во најевтината инвестиција со нависок профит, а тоа се изборите.
Најевтино се инвестира во национализмот, а се добива голем профит. Имаме политичка култура оној што ја добива власта добива се, а оној што губи ќе изгуби се.
Имаме ситуација во која изборниот процес е целосно заробен како од комплексните операции на пропагандните машинерии, но истовремено има заробување на стратешки важните институции во системот како што е ДИК, па завршувајќи со оние што се занимаваат со корупција, дискриминација, владеење на правото. Но најважни се медиумите. Тие што го контролираат наративот им требаат медиумите за дистрибуција, со што едноставно се прегазува волјата на гласачите, се прегазува демократската димензија на изборите и ја претвораат во илузија на демократијата.
Извор: ЦивилМедиа.мк