Претседателот на невладината “Цивил”, Џабир Дерала ги осудува политичките субјекти во земјава што дозволиле да се случат немирите од петокот и саботата, во кои настрадаа млади Албанци и Македонци.
“И во петокот објавивме став дека и кога најапсурдните изговори за економската состојба во земјата ќе бидат истрошени, политичките субјекти во земјата ќе се свртат кон меѓуетничките односи. Не им требаа ни неколку часа да го направат тоа.
– Имено, оваа ексалација на меѓуетничките односи и овие насилства и хулиганизмот кој го видовме се последица на погрешните политики, пред се на партиите на власт бидејќи, логично, тие ја носат најголемата одговорност водеа погрешни политики во насока на продлабочување на јазот меѓу етничките заедници и спонзорирање на омразата само со цел да го одвратат вниманието на политиките кои ги водат, вели Дерала.
Партиите се свртеа една против друга префрлајќи ја одговорноста, наместо да се свртат кон општеството и да ги намалат тензиите. Ова се сериозни тенденции во кои спиралата на насилство може да отиде многу далеку и Македонија може да претрпи сериозни губитоци.
Политичките партии ги инструментализираа младите, малолетници пред се, а потоа истите ги инструменализираа за да ќарат некаков политички поен”, вели Џабир Дерала од Цивил.