Џабир Дерала: Судството мора да биде ослободено од упад на власата и не треба таа да го користи како инструмент за нејзиното владеење, како оружје против непријатели, медиуми, универзитети и политички противници. Мислам дека тие 100 дена се индикатор како таа власт ќе владее до крајот на својот мандат и мислам дека се важни. Правосудството е во тешка состојба. Под силно влијание е како на политички структури така и на бизнисот. Тие имаат влијание во секој сегмент и во медиумите и ги држат во рака и политичарите. Тие се владетели во сенка.
Извор: 24 ТВ.мк