Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дератизација и дезинфекција во Симница по двата смртни случаи

0
By Нова ТВ on July 30, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за здравство преку соопштение информираше што е преземено во врска со двата смртни случаја од вирусна хеморагична треска од селото Симница.

“Извршен е епидемиолошки увид, анкета на домаќинствата од починатите, извршена дезинфекција и дератизација во домовите и околината на починатите лица, земени мостри од водата за пиење, извршена едукација за лични превентивни мерки и совет за јавување на лекар при појава на први симптоми на болест”, вели министерството.

Министерството добило податок дека починатите и поголем дел од семејството работеле и често престојувале на свое приватно бачило.

Тимот од експерти од областа на здравството повторно излегле на терен и го посетиле бачилото во месноста наречена Буковиќ, во близина на преминот Стража.

“На бачилото не се затекнати ниту лица ниту овци. Извршена е дезинфекција во затворениот објект, во отворениот објект и неговата непосредна околина како во близина на магацинот. Исто така, дезинфекција беше направена и на пошироката околина во самиот ограден простор и околу него”.

Комисијата за заразни болести добила “серолошки позитивни резултати за присуство на хантан вирус кај починатите лица” а потоа, Центарот за јавно здравје Тетово и подрачна единица Гостивар со 5 екипи извршил  “комплетна дезинфекција и дератизација на сите објекти (домови, штали , околина) во селото Симница”.

Институтот за јавно здравство подготвил брошура наменета за здравствените работници за да можат тие “да ги освежат знаењата во врска со вирусните хеморагични грозници, поставена на веб страна на ИЈЗ и доставена до центрите за јавно здравје за споделување со матични лекари и други здравстевни работници” а подготвена е “брошура за општата популација, поставена на веб страна на ИЈЗ и доставена до центрите за јавно здравје”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.