Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Десет и пол месечно бебе почина од компликации од морбили

0
By Нова ТВ on May 3, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 3, 2019 14:20

Според информации од Клиниката за детски болести, во текот на вчерашниот ден десет и пол месечното бебе кое повеќе од две недели беше на интензивна нега починало како последица од компликации од мали сипаници, изјави денеска доктор Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје.

Ова е четврти смртен случај како последица од мали сипаници од почетокот на прогласувањето на епидемијата досега. Кај починатото дете претходно не биле регистрирани хронични заболувања и не било вакцинирано.

– Имало тешка пневмонија, мозочно крварење, рече Микиќ и апелираше дека малите сипаници се навистина сериозно заболување и претставуваат повеќесистемско заболување и може да ги нападнат сите органски системи и системот за дишење и централниот нервен систем, интестинален систем…

Нагласи дека во изминатата недела биле пријавени 113 сомнителни случаи од кои кај 110 се регистрирани мали сипаници. Од нив, 46 се во Скопје, а 64 се од другите градови.

-Се уште се одржува висока активност на вирусот на морбили. Очекуваме доколку се зголеми бројот на вакцинираните особено кај претшколските деца надвор од Македонија дека оваа бројка ќе почне да се намалува. Повеќе од три четвртини од новопријавените случаи се невакцинирани, а најголем број се деца, значи половина се деца на возраст до четири години, но има и висок број на регистрирани случаи кај повозрасните групи односно кај лица на возраст  над 30 години, рече д-р Микиќ.

Тој додаде дека во однос на возрасната дистрибуција повеќе од 217 се деца на возраст под една година. Посочи дека оваа недела има зголемување на бројот на вакцинирани деца. Минатата недела биле вакцинирани повеќе од 500 деца во Скопје, а повеќе од 50 отсто споредено со минатата недела биле вакцинирани во другите градови.

-Се уште сме далеку од онаа бројка  што сакаме да ја постигнеме односно повеќе од 95 отсто опфат на вакцинирани деца надвор од Скопје затоа што во Скопје речиси ја достигнавме онаа посакувана бројка на вакцинирани деца и имаме само помалку од 3.000 невакцинирани деца. Вкупно треба да се вакцинираат уште 19.926 деца од кои во Скопје се 2.900, а останатите 16.000 се во другите градови, истакна д-р Микиќ и додаде дека од кога е почната теренската вакцинација до сега вкупно се вакцинирани 22.930 деца од кои 13.375 се од Скопје, а 9.555 се во другите градови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Отстранети шаторите пред српското собрание каде што престојуваа контра блокадерите

December 29, 2025

Вонредна состојба во најголемиот град во САД

December 27, 2025

Револт на Тајмс Сквер поради билборд со напис „Исус е Палестинец“

December 26, 2025

Да се верува или не – нафталин запалил пати во банка во Бугарија

December 25, 2025

10-те најпопуларни земји во светот во 2025 година

December 24, 2025
ФОКУС
December 30, 2025

Москва: Поради украински дронови големи делови од градот останаа без струја

ВЕСТИ December 30, 2025

Масовен прекин на електричната енергија го погоди Московскиот регион оставајќи стотици илјади жители без струја,…

Трамп: Уништивме голем магацин – САД извршија копнен напад врз Венецуела  

December 29, 2025

Сведочења: Судењето за дискотеката „Пулс“ денеска

December 29, 2025

Трамп по средбата во Флорида: Донбас останува “трнлива тема“

December 29, 2025
ТИКЕР

Отстранети шаторите пред српското собрание каде што престојуваа контра блокадерите

December 29, 2025

Вонредна состојба во најголемиот град во САД

December 27, 2025

Револт на Тајмс Сквер поради билборд со напис „Исус е Палестинец“

December 26, 2025

Да се верува или не – нафталин запалил пати во банка во Бугарија

December 25, 2025

10-те најпопуларни земји во светот во 2025 година

December 24, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.