Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дескоска: На следните претседателски, а можеби и парламентарни избори треба да имаме антикорупциска комисија

0
By Соња Петрушевска on January 16, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потребата да се донесе нов Закон  за спречување на корупцијата и судирот на интереси со кој  на новите антикорупционери им се гарантира независност во изборот и добиваат нови надлежности како што се контрола во финансирањето на политичките партии и во изборните кампањи, беше едногалсно изгласана во Собранието.

Министерката за правда Рената Дескоска која го предлага Законот со европско знаменце побара  да се гласа по скратена постапка.

„ Ја знам дека има пратеници кои се плашат од храбрите решенија во Законот, но на следните претседателски, а можеби и парламентарни избори треба да имаме антикорупциска комисија која ќе ги следи регуларноста на изборните кампањи и трошењето на буџетските пари во тој период“ рече Дескоска.

Новиот Закон по трет пат се враќа во Собранието. Прв пат беше повлечен по барање на европските експерти кои бараа допрецизирање на одредбите за поголема независност на новите антикорупционери а втор пат го повлече власта за да ги избегне амндманите што ги поднесе ВМРО ДПМНЕ.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека не сакаат да го блокираат донесувањето на Законот, но инситираат да се прифатат нивните амандмани со кои бараат да има усогласеност на Законот со други важечки закони кои се однесуваат на ревизија на финансирањето на кампањите и политичките партии. Од партијата додаваат  дека финансирањето на партиите е задача на  Заводот за ревизија и не може да биде во надлежност и на антикорупциската.

Спречување на корупција во политиката 

Со  новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Државната изборна комисија ќе има право да почне постапка за испитување на финансирањето на политичката партија и доколку утврди незаконитости да побара одговорност пред надлежните органи. Ваквата иницијатива ќе може да ја покрене по сопствена иницијатива или по иницијатива од било кое правно или физичко лице. Партиите се должни да ги доставата до ДКСК сите податоци што ќе ги побара.

За  поголема контрола врз финанисирањето на партиите треба да придонесе и новиот Закон за јавен пристап до информациите со кои трошењето на партиските пари ќе стане јавен податок. Исто така и во Законот за финансирање на политичките партии кој беше изгласан минатата година, а со кој се зголемија буџетските пари за финансирање на партиите од 0,06 проценти од државниот буџет на  0,15 проценти,  е утврдено дека секој граѓанин има право на еднаков пристап во увидот на финансирањето на политичката партија.

Од ВМРО  ДПМНЕ велат дека доколку не бидат прифатени нивните амндмани антикорупциската комисија ќе се претвори во институција која ќе спроведува политички реваншизам.

Опозициската партија бара само учесниците во кампањите да можат да поднесат пријави едни против други ако имаат индиции за нерегуларно финансирање, но не и трети лица.

„Според она што е поднесено, физички лица да можат да пријавуваат нерегуларно финансирање на политички партии и политички кампањи. Тоа значи можност за заглавување на работата на антикорупциската, со тоа што илјада пријави да стигнат, организирано, знаеме дека тоа се во можност да го направат, и да се закочи работата на Антикорупциската комисија“, рече партискиот портпарол Наум Стоилковски на прес-конференција, во одговор на новинарско прашање.

Финансирањето на партиите и на изборните кампањи досега беше задача на  Државната изборна комисија и на Државниот ревизор но и покрај сомневањата за злоупотреби на буџетски пари во изборни кампањи и сомнително финанисирање на партиите не беше покрената истрага.

СЈО пред два месеци, во ноември поднесе обвинение за „Талир“ за незаконско финансирање на ВМРО ДПМНЕ и Обвинителството го прифати. По барање на СЈО, замрзнат е целокупниот имот на партијата. Во Талир се обвинети повеќе поранешни функционери на партијата на чело со екс лидерот Никола Груевски за  финансирање на партијата од незаконски и анонимни извори и за малверзации при изградбата на новото партиското седиште.

Антикорупциската комисија не функционира повеќе од 10 месеци по  оставките на членовите на Комисијата поради наводите за ненаменско трошење на буџетски средства од нивна страна.

Јавното обвинителство на Република Македонија објави дека скопското Основното јавно обвинителство оформи предмет по допрен глас ​за трошењето на буџетски средства од страна на членовите на ДКСК.

Џафери: Ќе се скратат роковите за избор на првиот состав на антикорупционерите

Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека роковите кои се предвидени во предлог – законот се долги и дека е оставена можност овие рокови да се скратат за да се избере антикорупциска комисија пред претседателските избори.

„ Роковите се прилично долги во предлог – законот, но оставена е можност во преодните одредби со одлука на Претседателот на Собранието првата објава да биде во негова надлежност и да може со Правилник да се уреди скратувањето на роковите за избор на првиот мандатен состав. Се надевам дека ќе имаме можност тоа да го направиме, ако во соодветен рок го донесеме новиот Закон за спречување на корупција“ рече Џафери.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.