Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Десницата и левицата и во ЕП поднесоа одвоени предлози за изгласување недоверба на Еврокомисијата

0
By Marija Todorovska on September 12, 2025 СВЕТ
Фото: Pixabay
Фото: Pixabay
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеничките групи Патриоти за Европа (ПФЕ) и Левица поднесоа одвоени предлози до Европскиот парламент за изгласување недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен.

Потпретседателката на десничарската ПФЕ, унгарската европратеничка Кинга Гал од партијата Фидес, информира дека нивната иницијатива ја потпишале сите 85 пратеници на групата, со што е надминат потребниот минимум од 72 потписи за поднесување предлог за гласање недоверба на Еврокомисијата.

– Оваа Комисија и нејзината претседателка не успеаја во мирот, трговијата, конкурентноста, миграцијата…, изјави Гал, додавајќи дека ПФЕ официјално ја поднела својата иницијатива во средата по обраќањето за „Состојбата на ЕУ’ на Фон дер Лајен пред европратениците.

Претседателот на ПФЕ и лидер на францускиот Национален собир (РН), Жордан Баредла, пак, оцени дека Комисијата покажала оти е немоќна да се справи со предизвици на ЕУ на меѓународната сцена.

Главните забелешки на Патриотите на работата на Еврокомисијата се однесуваат на двата трговски договори – со земјите од Меркосур и со САД.

Бардела оцени дека трговскиот договор со латиноамериканските земји членки на организацијата Меркосур претставува „предавство“ за земјоделците и животната средина во ЕУ. Тој смета дека доколку се спроведе, Договорот со Меркосур би имал катастрофални последици по француското земјоделство.

Во однос, пак, на договорот за царините со САД, Бардела оцени дека тој претставува капитулација на „разоружената и дискредитирана“ Европска Унија.

Лидерот на ПФЕ ја спореди Фон дер Лајен со претседател на Франција, Емануел Макрон, на чија Влада во понеделникот и беше изгласана недоверба во францускиот Парламент. Според Бардела, – Глас „за“ или „против“ Европа на Урсула фон дер Лајен, е глас „за“ или „против“ на Европа на Емануел Макрон, истакна Бардела.

Во меѓу време копретседателката на пратеничката група Левица, француската европратеничка Манон Обри од партијата Непокорна Франција (ЛФИ), информира дека и ова политичко семејство на европската екстремна левица официјално поднело своја иницијатива за изгласување недоверба на Европската комисија на Фон дер Лајен.

Според извори во групата, покрај припадници на Левицата, потписи на иницијативата ставиле и „членови на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) или на Зелените“, како и европратеници кои не се дел од ниту една групација во ЕП.

И во инцијативата на Левицата се критикува трговската политика на ЕУ и договорите со САД и Меркосур, но и „неуспехот на Комисијата“ да реагира на „прекршувањата на меѓународното и хуманитарното право во Газа“.

Во предлогот на Левицата се наведува дека Комисијата без добиен мандат прифатила Договор меѓу ЕУ и САД кој е „штетен за европските интереси“ и покажува „демократски дефицит“ со тоа што се обидува да ги исклучи националните парламенти од процесот на ратификација на Договорот со Меркосур, со кој се ризикува „европските земјоделци и работници да бидат изложени на нелојална конкуренција и да бидат поткопани климатските цели на ЕУ“.

Дополнително според Левицата, Европската комисија го игнорира кршењето на меѓународното право од страна на Израел во Газа, каде што „израелската Влада користи глад, уништување на инфраструктурата и неселективни напади, што претставуваат геноцид“.

Европската Унија мора да престане да им дава лажни ветувања за земјите кандидати за членство и да се фокусира на постојните членки, бидејќи проширувањето не нуди реални шанси за зајакнување н

– ЕУ не успеа да го суспендира Договорот меѓу ЕУ и Израел или да воведе санкции, за разлика од мерките преземени против Русија, се вели во предлогот.

На Комисијата со иницијативата и се припишува и „неспособност и неподготвеност“ за справување со социјалните и климатските кризи и „ослабување или напуштање на основните елементи на Зелениот договор“.

Сега службите на Европскиот парламент треба да ја проверат веродостојноста на потписите на иницијативите и да ги верификуваат, по што ако утврдат дека предлозите ги исполнуваат барањата ќе ги достават до претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, која е должна да свика пленарна седница по барањата. Се очекува целата постапка и евентуалните расправи во Европарламентот да се одржат во октомври.

За да бидат усвоени иницијативите треба да добијат поддршка од најмалку две третини од пратениците што ќе учествуваат во гласањето, при што број оние што гласале „за“ треба да е поголем од половина од вкупниот број европратеници. Во сегашниот состав на Европарламентот има 720 пратеници.

Иако, Бардела најави дека пратениците на ПФЕ би можеле да ја поддржат иницијативата на Левица, сепак шансите некој од двата предлози да го обезбеди потребното мнозинство за усвојување се сметаат само за теоретски и речиси невозможни.

Овие иницијативи за недоверба, следуваат по неуспешниот обид за соборување на Еврокомисијата предложен од романскиот десничарски европратеник Георге Пипереа, чиј предлог во јули во Европскиот парламент доби 175 гласа.

ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.