Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Детали за големата акција на МВР во случајот „Мафија“

0
By Нова ТВ on April 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија спроведе голема акција за разбивање на голема криминална група и приведување на лица вработени во МВР кои биле дел од истата која дејствувала на територијата на државата, а издавала патни исправи на странски лица со лажен идентитет.

Истрагата според информациите на надлежните институции започнала уште во февруари 2019 година и според информациите до сега откриено е дека македонски патни исправи со лажен идентитет биле издадени на 214 странски државјани и еден македонец.

Истрагата се одвивала во координација со Канцеларијата за истраги на американската амбасада и Интерпол а при денешната голема акција уапсени се девет осомничени лица вработени во МВР, а по едно полицијата трага.

Според информациите кои на прес-конференција посветена на денешната акција ги соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во групата која дејствувала во фалсификување на македонски патни исправи делувале овластени службени лица и контролори од управните органи на МВР.

„Таму каде што се движел патот на овој криминал, секој еден кој е вмешан ќе биде изведен пред лицето на правдата“, рече Спасовски. На граѓаните им порача да бидат мирни бидејќи институциите на системот работат  на случајот.

Министерот Спасовски обвини дека опозициската ВМРО – ДПМНЕ се обидела да изврши саботажа за истата и побара кривична одговорност од Мицкоски.

И опозицискиот лидер на ВМРО – ДПМНЕ упати обвинување до власта дека според него не може најбараните светски криминалци да добиваат пасоши во Македонија, а за тоа Заев и Спасовски да не знаат ништо.

Затоа како што посочи бара одговорност од владата за аферата Мафија.

Мицкоски вели дека оваа афера ќе биде една од првите кои ќе ја расветли неговата партија по промената на власта.

Според шефот на опозицијата партијата поседува информации за издадени повеќе од 200 пасоши на лица од балканското подземје.

Од владеачката СДСМ пак упатија прашање до Мицкоски дали  ја саботирал акцијата на МВР и дали има договор со криминалната група откако тој денеска соопшти дека информациите за афетрата до него ја доставил свиркач.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.