Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Детали зa убиството во Лесковац: Биљана изградила ѕид за да го сокрие забетонираното тело на сопругот што го убила

0
By НОВА ТВ Terziova on June 30, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Српската полиција телото на Иван Стојановиќ (40) од Велико Трњане кај Лесковац го пронајде во буре, полиено со бетон. Извршител на грозоморното убиство со секира е неговата сопруга Биљана (38) која пред неколку дена изврши самоубиство. На денот на нејзиниот погреб добиена е дојава дека телото на нејзиниот сопруг е закопано во семејната куќа.

Очевидци велат дека телото на Иван Стојановиќ било пронајдено во буре, бетонирано во „чучната положба“, но дека веројатно поради бетонот не му паднал ниту еден дел од телото, иако било таму три години.

-Кога го отстраниле малтерот, видливи биле повреди со сечило по целото тело, слични на оние што можеле да се нанесат само со секира – вели роднина на Стојановиќ, кој ја видел страшната глетка и се преплашил.

Бурето, според српските медиуми, се наоѓало зад ѕидот кој подоцна бил дограден.

-Тој ѕид во еден агол беше од тули и малтер, а преку него беа фрлени некои работи, отпад. Ѕидот е аматерски. Или е направен набрзина или е изграден од женска рака – вели тој.

Биљана околу две години била во врска со дипломиран правник од селото Славуевац, од Вучјанскиот крај, и засега овој млад 28-годишен човек не е осомничен за соучество во делото.

Младиот човек му рекол на својот пријател дека не знае ништо повеќе за покојниот Иван да и каже на полицијата освен дека работел во Русија и дека и самиот бил шокиран од тоа што го прашала полицијата и што подоцна го прочитал во медиумите.

– Не знаев дека е вакво чудовиште – искоментирал тој најверојатно мислејќи на Биљана.

Од друга страна, Иван Стојановиќ последен пат влегол во Србија во 2019 година. Селаните тогаш, како што велат, го виделе извесно време, па повторно им исчезнал од очите, а од Биљана добиле информација дека се вратил во Русија, но нема потврда дека повторно ја напуштил Србија.

Она што сега е сигурно е дека лажела дека наводно се слуша со нејзиниот сопруг кој според нејзините верзии не можел да се врати од Русија од разни причини кои таа им ги сервирала.

Точниот датум на неговата смрт ќе се знае кога ќе пристигнат резултатите од обдукцијата, а причината за смртта на Биљана кога ќе пристигнат токсиколошките резултати, за што ќе треба подолг временски период.

Во меѓувреме низ селото почнале да се шират информации дека, наводно, надворешната врата од собата во која била пронајдена мртва Биљана била затворена од некој предмет однадвор па полицијата сега ги испрашува сите мештани во рамки на истрагата и за околностите на нејзината смрт која го разоткри и убиството на сопругот кое веројатно таа го извршила пред три години. Наводно секирата, со која е убиен сопругот е пронајдена на таванот завиткана во најлонска кеса.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.