Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Детектор на лаги или како со реакциите на телото се стигнува до вистината?

0
By Zoran Ivanov on July 13, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Студентите со голем интерес го проследија предавањето на единствениот сертифициран полиграфист во МВР, Костадин Иванов.

Тој објасни дека полиграфот ги испитува, ги чита невролошките и психофизиолошките реакции на испитаникот, ги мери и ги запишува на софтверот, додека полиграфијата опфаќа три научни области: право, криминалистика и невропсихофизиологија. Полиграфот е инструмент што е конструиран така што истовремено ги регистрира промените во крвниот притисок, пулсот, дишењето или т.н. електродермални реакции кај лицето што се испитува

Студентите на Факултетот за детективи и криминалистика при Европскиот универзитет – Скопје имаа можност да се запознаат со полиграфската техника, методите на работа и начинот како ја користат полицијата и другите истражни органи во својата работа. Со голем интерес го проследија предавањето на единствениот сертифициран полиграфист во МВР, Костадин Иванов.

Полиграфот ги испитува, ги чита невролошките и психофизиолошките реакции на испитаникот, ги мери и ги запишува на софтверот, додека полиграфијата опфаќа три научни области: право, криминалистика и невропсихофизиологија. Полиграфот е инструмент што е конструиран така што истовремено ги регистрира промените во крвниот притисок, пулсот, дишењето или т.н. електродермални реакции кај лицето што се испитува.

Но, нагласи дека на полиграфско тестирање не смеат да подлежат лица во стресна состојба, лице што зема лекови за смирување, лице со други, особено тешки душевни пречки, лица што користат психотропни супстанци, но и бремени жени по петтиот месец од бременоста.

Тестирањето на полиграф е едно од овластувањата на полицијата, што значи дека преку полиграфот може да се тестираат кривични и прекршочни дела. Почесто кај нас се користи за расветлување кривични дела во кривичната постапка, најчесто во предистраги, а може да биде и во истражен процес – истакна Иванов, нагласувајќи дека полиграфското тестирање е доброволно.

Тој објасни дека ниту еден осомничен не седнува веднаш на полиграф, бидејќи испитувањето има неколку фази низ кои мора да ги помине и полиграфистот: анализа на лицето, предполиграфско интервју од најраното детство на личноста до моментот кога се случило кривичното дело и третата фаза е поставувањето прашања на полиграфскиот тест, кои се делат на критички, контролни и ирелевантни.

За да се направи еден тест, потребни се од 3 до 5 полиграми – нагласи Иванов.

Тој наведе дека според статистичките податоци, податоците од полиграфското тестирање се 94 проценти веродостојни.

Тестирањето на полиграф во светот има долга историја и традиција во криминалните истраги, но и во безбедносните служби за утврдување лојалност и интегритет, а во нашето Министерство за внатрешни работи се користи од 1984 година.

Резултатите од полиграфот можат да бидат вистинити, лажни или без мислење, односно неодреден резултат, при што секој од тие добиени резултати е математички пресметлив, може да се изрази со формула и да се докаже како е постигнат конечниот резултат – вели полиграфистот Иванов.

Како што нагласи Иванов, популарниот полиграф или детектор за лаги е црна кутија поврзана со неколку сензори што се прикачени на телото на субјектот.

Има абдоминален сензор, кој се става под градите на испитаникот и торакален сензор, кој се поставува над градите. Тие се поставуваат на телото така што не се ниту премногу стегнати ни премногу лабави и се поврзуваат со црната кутија. Значи, во основа, оваа црна кутија е полиграф или детектор за лаги, познат во некои кругови, и овие сензори се контакт. Тие се ставаат во контакт на телото на секој субјект, се поврзуваат со оваа кутија, понатаму ги пренесуваат информациите добиени од телото на човекот во софтверот и таму може да се прочитаат повратните информации – објасни Иванов.

Тој нагласи дека поривот за правење ваква машина е да се докаже дека одредено лице не го сторило кривичното делото за кое е осомничено. Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.