Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Детронизирањето на обвинителот Гешев ја „составува“ новата бугарска Влада

0
By НОВА ТВ on July 27, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска продолжуваат експертските разговори на „Има таков народ“ со парламентарните политички сили. Целта на средбите е да се дискутираат главните начела на политиките на идната Влада. Темите со кои продолжуваат разговорите се здравството и образованието, објави „Дарик радио“.

Претседателката на „Исправи се“, Маја Манолова објави дека денеска на експертските состаноци со претставниците на „Има таков народ“ на Слави Трифонов, ќе се зборува и за енергетиката.

-Ние ќе понудиме можност да се преразгледаат цените на електричната енергија и парното и тоа преку законски измени што ќе бидат правно посилни од одлуките на Комисијата за енергетско и водно регулирање, рече Маја Манолова.

Инаку, разговорите започнаа во понеделникот, а првата тема беше правосудството.

-Претпоставувам, дека до крајот на неделата би требало да е познат составот на Влада, вели пратеникот од „Има таков народ“, Радостин Василев пред консултациите на експертско ниво, пренесува „Медиапул“.

-Ние во Собранието ги споделуваме единствено политиките на партиите, па кој реши да не поддржи нека не поддржи, така е најправедно. Ние не разговараме за коалиции и некакво преговарање на позиции, вели Василев.

На прашањето дали очекува до крајот на неделата претседателот Румен Радев да го врачи мандатот за состав на Влада, тој одговори дека тоа прашање е во во надлежност на самиот претседател.

-Кога ќе го врачи ние ќе бидеме подготвени. Претпоставувам дека сме спремни, доадде Василев.

Од ИТН потенцираа дека ако официјализираат Влада, таа ќе биде еднопартиска и сами ќе си го изберат составот на кабинетот, додека пак преговорите со другите партии се водат единствено за поддршка на политики.

Ден после изборите на 11 јули шоуменот Слави Трифонов претстави предлог за состав на Влада, на својата телевизија „Седум осмини“. Предлог за премиер беше името на економистот Николај Василев.

Останатите две т.н. „партии на протестот“, кои освоија пратенички мандати, односно „Демократска Бугарија“ и „Исправи се“ решија да не го поддржат предлогот на Трифонов, по што самиот предлог беше повлечен. Потоа, од ИТН соопштија дека ќе го претстават новиот состав, по консултациите со останатите парламентарни партии, со исклучок на ГЕРБ на Бојко Борисов.

Минатата недела од партијата на Трифонов остварија средби со претставници на „Демократска Бугарија“, „Исправи се“, БСП и ДПС. Првата тема која се најде на маса беа реформите во правосудството.

По разговорите, од „Демократска Бугарија“ изразија увереност дека ќе бидат усвоени измените во Законот за судска власт, со кои би се затвориле Специјалниот суд и Специјалното обвинителство. Очекувано, останува отворено прашањето дали ќе се собере мнозинството од 180 пратеници за уставни измени, со цел порано да бидат разрешен составот на Вишиот судски совет и на главниот републички обвинител Иван Гешев.

-Разговорите беа експертски и немаа карактер на политички преговарања, изјави по средбата Надежда Јорданов од „Демократска Бугарија“.

-Имаме одредени нијанси во некои ставови. Разговорите продолжуваат, бидејќи гледаме во ист правец, додаде Јорданов. Меѓу „нијансите“ се токму темата за Специјалното обвинителство, структурата на Вишиот судски совет и обвинителската фела, како и детали околу изборот на новиот главен обвинител.

-Судејќи по разговорите за правосудството, Влада ќе има, кажа адвокатот Николај Хаџигенов од „Исправи се“, по разговорите со претставници од партијата на Слави Трифонов. „Ние сме на исто мислење со „Демократска Бугарија“ скоро на 95%, а пријатно сум изненаден и од ИТН“, додаде тој, напоменувајќи дека останатите пет проценти се „ситни“ детали.

Било зборувано и за секторот „Социјална политика“. Претседателката на „Исправи се“, Маја Манолова рече дека задолжителен услов за евентуална поддршка на предлогот за Влада на Трифонов, е да се зголеми минималната пензија на 369 лева од први октомври. Според Манолова, ИТН покажала интерес да се исполни нејзиниот услов.

Социјалната политика била во фокусот и на средбата на ИТН со претставниците на Бугарската социјалистичка партија. „Многу од нештата се совпаѓаат, но друго е прашањето кој ќе ги исполнува предизборните ветувања, а кој не“, изјави пред разговорите социјалистот Георги Ѓоков.

Разговорите продолжуваат во текот на неделава.

По првата средба од минатата недела копретседателот на „Демократска Бугарија“, Христо Иванов истакна дека ако се даде поддршка за Владата на Трифонов, тоа значи дека бил постигнат договор за смена на Вишиот судски совет и обвинителот Иван Гешев.

Од „Исправи се“ исто така потенцираа дека реформите во правосудството се основен приоритет во преговорите, а темата е важна и за БСП.

Разговорите на ИТН продолжуваат со „Демократска Бугарија“, „Исправи се“ и БСП. Средбата одржана во неделата со функционерите на ДПС беше и последна.

-Ние не учествуваме во преговорите, кажавме што имамвме да кажеме, нагласи Јордан Цонев од ДПС.

И на трите партии, со кои продолжуваат преговорите, важен им е заедничкиот јазик со ИТН за реформите во правосудството. Но, постои една голема разлика, која дури е и запишана во Декларацијата на партијата на Трифонов, дека партијата се залага за директен избор на главен обвинител. Останатите партии се против ваквиот начин на избор на главен обвинител, кој би го седнал во фотелјата на Иван Гешев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025
ФОКУС

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

ВЕСТИ October 1, 2025

Нуклеарната централа Запорожје во Украина, најголемата во Европа, веќе седум дена е без надворешно електрично…

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025
ТИКЕР

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.