Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Децата во сиромашните земји плен на сексуалните предатори-тажна сторија од Филипините

0
By Mirjana on May 11, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Агенцијата на Обединетите нации за безбедност и права на децата во светот, УНИЦЕФ, ги дефинира Филипините како „глобален епицентар на трговијата со сексуална злоупотреба на деца во живо“ уште во 2016 година. Сепак, дури оваа година Претставничкиот дом го одобри нацрт-законот за борба против сексуалната злоупотреба или експлоатацијата на деца, кој има за цел да ги забрани сите форми на сексуална злоупотреба и на детска експлоатација вклучувајќи ја  и онлајн злоупотребата.

Се проценува дека 2 милиона филипински деца се подложни на онлајн злоупотреба и експлоатација. И со една ваква бројка изненадува фактот што на неодамнешните претседателски избори во земјата, ниту еден кандидат не ја направи темата за онлајн сексуалната злоупотреба и експлоатација на деца, изборно прашање. Децата на Филипините се изложени на ризик од сексуална експлоатација на интернет поради причини како следниве нотира извештајот на УНИЦЕФ: „бесплатно онлајн поврзување, широко распространета употреба на мобилни телефони, неодговорна употреба на технологијата“.

Во земја чија економија стана многу зависна од обезбедување на услуги за аутсорсинг на деловните процеси и каде што има активни напори за дигитализирање на економијата и комуникациите, дали новиот лидер може да одолее без средствата кои доаѓаат од социјалните мрежи, истовремено заштитувајќи ги  филипинските деца, се прашуваат службите надлежни за сузбивање на оваа појава.

Причината за оваа неактивност на властите е поврзана со тензијата меѓу човековите права и неолибералните развојни модели на Филипините, сметаат познавачите на состојбите.

УНИЦЕФ, во својот извештај за 2016 година, предупреди дека 8 од 10 деца на Филипините се ранливи да бидат жртви на сексуална злоупотреба на интернет или малтретирање. Поновиот извештај, објавен месецов, покажа дека, „20 отсто од децата кои користат интернет на возраст од 12-17 години на Филипините биле жртви на сериозни случаи на сексуална експлоатација и злоупотреба на интернет. Ова вклучува уценување да се вклучат во сексуални активности, некој да ги споделува своите сексуални слики без дозвола или да биде принуден да се вклучи во сексуални активности преку ветувања за пари или подароци“.

Во воведот во извештајот на Одделот за социјална заштита и развој на УНИЦЕФ, се вели дека 2 милиони филипински деца биле „подложени на сексуална злоупотреба и експлоатација преку Интернет“.

Онлајн сексуалната злоупотреба и експлоатацијата на деца на Филипините – за која УНИЦЕФ вели дека во скоро сите пријавени случаи вклучува „производство на материјали за сексуална злоупотреба на деца, вклучително и пренос во живо на сексуална злоупотреба на деца. Иако предмет на онлајн сексуално злоупотребување на децата се и машките, сепак 86 отсто од жртвите на злоупотреба,  биле девојчиња.

Причините за оваа висока преваленца се сложени и варираат од лични (на пример, децата кои доживуваат малтретирање имаат поголема веројатност да се свртат кон онлајн „пријатели“) до фамилијарни (т.е. нивото на сиромаштија во домаќинството или пристап до уреди и интернет) и конечно, општествените, кои опфаќаат прашања кои се движат од „неефикасноста на владините програми за намалување на сиромаштијата“ до „отсуството на воочен конфликт меѓу сексуалната експлоатација и општествените норми“.

Објаснувајќи ги овие општествени норми, Жан Енцинас Франко, вонреден професор по политички науки на Универзитетот на Филипините, за Си-Ен-Ен изјави: „Филипинците често мислат дека сексуалната злоупотреба на интернет не е штетна затоа што предаторот не ги допирал децата реално“.

За тоа зошто девојчињата се претежно погодени, Енцинас Франко додаде: „Веројатно е случај дека во руралните или провинциските држави кои пријавуваат високи случаи на сексуална злоупотреба на интернет, младите момчиња често одат на фарми или им помагаат на татковците за преработување на ѓубрето. девојките, пак, остануваат дома“.

Справувањето со сексуалната злоупотреба и експлоатација на Филипините е дополнително комплицирано поради важноста на технолошките компании за филипинската економија.

Националната студија за онлајн сексуална злоупотреба и експлоатација на деца на Филипините, објавена во јули 2021 година, забележа: „Кај општите услуги за онлајн плаќање што ги нудат банките и кај услугите за електронско плаќање од страна на мобилните телефони, компаниите покрај тоа што се појавуваат како носители на нов начин на монетарна размена, делуваат и за зголемување на активностите поврзани со дигиталната сексуална злоупотреба на децата. Затоа повеќето борци за спречување на ова зло сметаат дека филипинската влада не прави доволно за да ги повика на одговорност компаниите на платформите за социјални медиуми поради зависноста на економијата од услугите за аутсорсинг на деловните процеси. Оваа огромна индустрија на Филипините обезбедува услуги за многу онлајн платформи што ги користеле. По децении охрабрување на странските директни инвестиции, пазарниот извештај за 2020 година ја идентификуваше IT- индустријата како најголем работодавач на Филипините, со 1,3 милиони работни места и придонесувајќи со милијарди долари годишно во бруто домашниот производ на земјата.

Според Патоказот за 2022 година од Асоцијацијата за ИТ-бизнисот на Филипините, секторот се очекува да генерира приходи од 40 милијарди американски долари, 7,6 милиони директни и индиректни работни места, 250.000 работни места надвор од регионот на главниот град и да покрие 15 отсто од вкупниот глобален аутсорсинг пазар до крајот на 2022 година.

Токму тоа потпирање на истите платформи каде се случуваат толку многу од овие штетни појави за децата, поттикна некои да се запрашаат колку ќе биде ефективен новиот предлог-закон доколку стане закон, како што се очекуваше.

Свештеникот  Шеј Кален, основач на Фондацијата ПРЕДА, добротворна организација која спасува и им помага на сексуално и физички малтретираните деца на Филипините да закрепнат, изјави за Си-Ен-Ен дека и давателите на интернет услуги претставуваат проблем. Тој рече дека водел кампања за компаниите да се придржуваат до веќе постоечкото законодавство: Законот против детска порнографија од 2009 година, кој бара од давателите на интернет услуги да инсталираат софтвер за блокирање на циркулацијата на детска порнографија на интернет.

Давателите на интернет услуги се „многу моќно лоби во земјата“, рече отец Кален, додавајќи дека според неговото искуство, овие компании попрво би платиле казни отколку да го почитуваат законот.

Кога Националната комисија за телекомуникации на Филипините во февруари 2021 година издаде наредби за „прикажана содржина“ против 47 даватели на интернет услуги поради тоа што не ги  блокирале  содржините со детска порнографија, компаниите рекоа дека другите закони, како што е Законот за приватност на податоците, ги спречувал да надгледуваат веб-страници.

Адвокатот Ентони Полин Пасквал, државен советник во Канцеларијата за компјутерски криминал на Министерството за правда на Филипините, сугерира дека причината за воочената неактивност од страна на државата да ги повика платформите на социјалните медиуми одговорни за сексуалната експлоатација на интернет е затоа што им требаат овие социјални платформи за да им се помогне да се спречи насилството.

„Нема преземени противнички дејствија против онлајн платформите каде се случува злоупотребата на деца или каде што се дистрибуираат такви материјали бидејќи нивната соработка е од витално значење за спроведување истраги за сторителите“, изјавил Пасквал за Си-Ен-Ен.

(Преземено од Си-Ен-Ен)

 

КАКО ПРОТИВ ДЕТСКОТО ОНЛАЈН СЕКСУАЛНО ЗЛОУПОТРЕБУВАЊЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.