Ситуацијата е загрижувачка, а граѓаните на Република Македонија се фрустрирани поради застојот и недовлно динамичниот процес на проширавување на ЕУ, изјави денеска на панел дискусија Ермира Мехмети Деваја од ДУИ.
Советот за глобална соработка организираше панел дискусија на тема „Актуелната политичка и безбедносна состојба во Република Македонија и нејзината меѓународна позиција“, која се одржа денеска во ЕУ Инфоцентарот.
„За жал би требало да констатирам дека е забележано одредено заладување на односите во перспективноста во која сите ние заеднички вложуваме во Р.М и ЕУ. Се поставува дилемата како тоа заладување ќе се рефлектира во нашето општество“, истакна Мехмети Деваја.
„Сите се декларираме и залагаме дека ЕУ и НАТО ни се најважен императив и најголем кохезивен елемент кој ги доближува зедниците. Но што правиме кога од комесарот за проширување Филе добиваме изјава во која што прв пат се содржи зборот фрустрираност. Фрустрираност во однос на состојбите во Р.М“, праша Деваја.