Деветмина се уапсени по вчерашните напади во градот Рејханли, во јужна Турција близу границата со Сирија, изјави пред медиумите турскиот вицепремиер Бешир Аталај.
Како што рече рој приведените се турски државјани.
Министерот за внатрешни работи Муамер Ѓулер изјави дека нападите се дело на група, кој им е позната на турските власти и која има директни врски со разузнавачката служба на Сирија.
Во нападите загинаа најмалку 43 лица. Шефот на дипломатијата Ахмет Давутоглу смета дека борци, лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад стојат зад нападите.
Сирија демантираше дека е вешана во нападите во Турција.