Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Деветта студентска конференција за Енергетска ефикасност и одржлив развој

0
By Ivana on December 13, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од денеска до 15 декември ќе се одржува деветтото издание на студентска конференција за Енергетска ефикасност и одржлив развој 2021 (СКЕЕОР), поддржана од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

На отворањето на конференцијата најавено е обраќање на ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски, деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски, заменик раководител на секторот за животна средина при Град Скопје Никола Јовановски и координаторката на СКЕЕОР, Лихнида Стојановска-Георгиевска.

Како што најавија организаторите, во рамки на четиридневната конференција, присутните ќе може да слушнат серија пленарни предавања од домашни и странски претставници на пет теми во фокус на оваа конференција – Обновливи извори на енергија, автоматизација и мерење на енергетска ефикасност, електрични возила и енергетски ефикасен транспорт, енергетската ефикасност и одржливост на животната средина, како и нови технологии и материјали и енергетската ефикасност во објекти, градежништво и архитектура.

Исто така, како што посочуваат, ќе бидат презентирани и 28 трудови на студенти на додипломски и постдипломски студии и академски членови. Воедно, преку предавањата и панел дискусиите во рамки на конференцијата, компаниите ќе ги прикажат своите добри практики за енергетски ефикасно и одржливо работење.

-Преку организација на ваков тип конференција се работи на подигнување на свеста за потребата од енергетска ефикасност, употреба на обновливи извори на енергија и мерки и механизми за одржлив развој. Преку научно-истражувачката дејност, студентите се поттикнуваат да работат на изнаоѓање решенија на проблеми од областа на енергетска ефикасност и одржливиот развој. Еден од клучните аспекти на конференцијата е можноста за соработка помеѓу студентите, реномирани професори и претставници на водечки компании од областа зa пронаоѓање решенија на предизвици од оваа област, која ги засега сите на глобално ниво, се наведува во соопштението.

Според претседателот на СКЕЕОП 2021 Марко Минов, енергетската ефикасност и одржливиот развој како теми стануваат сѐ поактуелни во нашето секојдневие.

-Радува фактот што од година во година интересот кај нас – младите во Македонија за оваа област расте. Започнуваме да се мобилизираме и ангажираме во доменот на енергетската ефикасност и одржливиот развој, а во рамки на СКЕЕОР 2021 ќе имаме можност за развој на дијалог и размена на искуства и идеи во ова поле. На овој начин, ги потсетуваме новите генерации за важноста на енергетската ефикасност, а истовремено и ги поттикнуваме на размена на идеи и иновативен пристап при изнаоѓањето решенија кои ќе придонесат за едно подобро, енергетски поефикасно утре, додава Минов.

Овогодинешната конференција се одржува виртуелно на ЗУМ платформата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.