Министерството за здравство на Саудиска Арабија ја информирала Светската Здравствена Организација за нова почината жртва на мистериозниот вирус сличен на САРС.
Починатиот, 39 годишен, бил хоспитализиран со симптоми на новиот коронавирус на 28 Февруари, а починал 2 дена подоцна.
Досега, Светската Здравствена Организација има потврдено 15 случаи на новиот вирус, од кои 9 завршиле со смрт.
Потврдени се случаи на луѓе од Велика Британија коишто патувале на Блискиот Исток, при што по враќањето, заразиле членови од семејството.
Се претпоставува дека, како и САРС, новиот вирус потекнува од животните. Една студија објавена во ноември открива дека генетски, новиот коронавирус е најтесно поврзан со вируси пронајдени кај лилјаците.