Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Деветтото издание на Jazz Factory Festival од 15 до 19 април во Битола, Скопје, Демир Хисар и Охрид

0
By Zoran Ivanov on April 12, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 12, 2026 13:41

Деветтото издание на Jazz Factory Festival ќе се одржи од 15 до 19 април 2026 година. Надминувајќи го класичниот фестивалски формат, Jazz Factory Festival прераснува во национално културно движење, кое ги поврзува градовите, уметниците, институциите и публиката преку современиот џез израз.

Годинава фестивалот ќе се одвива во Битола, Скопје, Демир Хисар и Охрид, со учество на уметници од Франција, Израел, Албанија, Австрија, Унгарија, Полска, Црна Гора, Србија и Македонија,. Програмата обединува концерти, едукативни содржини, промоции на книги и професионални средби, создавајќи динамичен простор за развој на џез културата.

Идејното решение за плакатот е на Даниел Ѓурчиновски.

Фестивалот започнува на 15 април во Битола (Utopia) со прес-конференција, по што следува промоција на книгата „Walking on Masochism“ од Иван Благојевиќ директор на Нишвил Џез Фестивал (Србија) и концерт на квартетот на Христијан Ристески.

На 16 април, програмата се одвива на повеќе локации:

Во НУ Народен театар Битола настапуваат Tribevibers – Blal Ljujić Pierre (Франција) и Mattan Klein – Gent Rushi Trio (Израел/Албанија);

Во Pub Bourbon Street – Битола настапува Aleks Jazz Quartet;

Во Скопје, Audiokultura е домаќин на австрискиот состав Oststyrian Rhythm Section, како и на промоција на книгата на Благојевиќ.

На 17. април, фестивалот става силен акцент на едукација и развој:

Jazz Factory for Kids во Europe House Битола;

Мастер клас на Lukas Meissl (Австрија);

Доделување на наградата „Гоце Димитровски“ на Христијан Ристески;

Во НУ Народен театар Битола настапуваат Voice and Bass (Унгарија) и Oststyrian Rhythm Section (Австрија).

На 18 април, ќе се одржи Годишната конференција на асоцијацијата на џез фестивали, со што се зајакнува регионалната и меѓународната соработка, додека вечерта во Дом на култура „Илинден“ – Демир Хисар настапува полскиот бенд JUMA.

Завршницата на фестивалот е на 19 април во Охрид (JazzInn) со концерт на JUMA (Полска).

Jazz Factory Festival 2026 посветува особено внимание на едукацијата, соработката и културната размена, обединувајќи млади таленти, етаблирани уметници и професионалци од индустријата. Преку мастер класи, детска програма и конференции, фестивалот активно придонесува за развојот на џез сцената во регионот, како и културната децентрализација во Македонија.

Фестивалот се одржува под покровителство на Општина Битола и Делегацијата на Европската Унија во Македонија.

За повеќе информации посетете ја официјалната веб-страница: www.jff.mk. Билетите може да се набават онлајн преку веб-страницата на НУ Народен Театар Битола: https://narodenteatarbitola.com/buy-tickets-repertoire/

Физички билети се достапни на билетарата на НУ Народен Театар Битола, како и во Pub Bourbon Street – Битола.

Jazz Factory Festival 2026 ја поканува публиката да го доживее џезот како жива и современа уметност — како движење што пулсира низ градовите и создава нови културни врски.

 

битолс федстивал џез
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.