Десетгодишното девојче од Струмица кое тврдеше дека било киднапирано ја измислило целата приказна утврди полицијата.
Девојчето било однесено во болница и по деталниот преглед од невропсихијатар и психолог, било сослушано и од полициските инспектори, по што било утврдено дека настанот е измислен.
Според она што го изнесе струмичката полиција, вистина е само дека десетгодишното девојче настанот го раскажало во училиште, на мајка му кога се вратило дома и пред инспекторите во болницата.
– Вистина е дека всушност девојчето го опишало настанот токму така како што е пренесен, но нема елементи на киднапирање, утврди службата изјави портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска.
Според невропсихијатарот што разговарал со девојчето, било утврдено дека девојчето точно ја опишало кутијата на апчињата „Дијазепам“ што наводно му биле дадени, што предизвикало сомневање.
При извршениот претрес во домот на девојчето од полициските инспектори, биле најдени истите апчиња што тоа ги опишало.
Кој бил мотивот за наводното киднапирање и зошто девојчето го исценира малтретирањето, од полицијата немаат објаснување.