Во јужниот дел на Сибир, две девојчиња снимиле необична појава на небото. Снимката веднаш се појави на локалните вести, но и во светските медиуми, бидејќи објектот потсетува на летечка чинија, односно вонземјанско летало.
Мислењата се поделени, едни сметаат дека се работи за нова технологија на руската војска, додека други се убедени дека станува збор за посетители од вселената.
Високи претставници на руската војска изјавиле дека ќе се изјаснат за што станува збор откако детално ќе ја прегледаат снимката.