Бошко Нацевски: Или сме генетски скроени да бидеме под нивото на нормалноста, или пак некој систематски ни ја подметнува како колективен ментален белег наивноста.
Просто е неверојатно, во заборав сме фрлиле мноштво револуционерни авторитети, врвни патриоти, интелектуалци, борци државотворци , политичари со ретка хуманост и мудрост, уметници, со епична надареност, трудбеници со фанатична национална преданост, а некои идиоти од политиката и информатиката, речиси и нема ден, под нос да не ни подметнуваат еден политички деген. Апаш, со тапија и судски потврден криминалец, плус дезертер, во гепек бегалец, дозволуваме да ни дели лекции за висока политика, да изигрува Бизмарк, а една цела деценија со својата партиска агентура ни наметнуваше брутална режимска тортура. Баталете го тој тип, кој низ некакви колумни набилдани со провокации ни држи бош демократски лекции за наша светла иднина, додека тој во раскош го троши нашиот украден денар во унгарската престолнина. Зошто имаме кусо памтење, и дозволуваме профанисани режимски типови, повторно во игра да уфрлуваат фелери. Народот не случајно рекол, покрај бербат Никола, ќе го замразиш и Свети Никола. Како можеше да ни се случува, во политичкиот проклет рулет, да добиваме недоквакани премиери, некредибилни, простомислечки, и по некое непишано правило, морални слабаци, дезертери.
Извор: Фејсбук



