Претседателот на Собранието, Талат Џафери вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека ќе бевме на незавидна позиција ако Македонија не била членка на НАТО.
– Доколку Северна Македонија не беше членка на НАТО ќе бевме во една многу незавидна позиција. Можам да кажам дека ќе бевме на еден крстопат за тоа по кој пат да тераме, истакна Џафери.
Според него, Русија извршила директна агресија над суверена земја.
– Треба да се каже отворено со правилна терминологија. Русија изврши директна агресија врз една суверена држава и и објави отворена војна. Кога говориме за статусот на Украина, таа е суверена земја и нејзините граѓани имаат суверено право да одлучат за тоа каде ќе членуваат и на кои сојузи ќе се приклучат, тоа е нивно суверено право“, посочи Џафери.