Новиот претседател на Собранието, Талат Џафери во моментов е на средба со американскиот амбасадор Џес Бејли во спикерскиот кабинет во Законодавниот дом, што е втора ваква средба на Џафери по онаа со евроамбасадорот Самуел Жбогар.
По средбата со Бејли, Џафери во својот Кабинет ќе го прими и францускиот амбасадор Кристиан Тимоние каде според најавите ќе разговараат за случувањата по 27.април како и следните активности на Собранието за решавање на политичката криза.