Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Покрај правото на употреба на јазикот, да се води сметка и за чување и промоција на неговите стандарди

0
By Нова ТВ on May 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска се обрати на продолжувањето на Обуката за превод и толкување, организирана од Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, која треба да помогне за надминување на предизвиците со кои се соочуваат преведувачите во секојдневната работа и решавање на унифициран начин, со изедначена административна терминологија.

-Ова од причина што, покрај правото на употреба на јазикот, треба да се води сметка и за тоа што значи чување, промоција и развој на стандардниот, чист, коректен јазик што ќе биде пример и патоказ за сите оние што на овој или на оној начин допираат до пошироката јавност, имаат влијание врз растот и развојот на новите генерации и најбитното, за олеснување на работата на институциите, преведувачите во институциите и зголемувањето на вредноста на јазикот. Јазикот е жива материја, постојано под влијание на тековите, различните влијанија и затоа треба да се прилагоди, да се модернизира меѓутоа, не и да се претера затоа што, ништо не може да се спореди и да звучи поубаво од чистиот, стандарден а сепак, изворен јазик, рече Џафери во обраќањето.

Тој вели дека водењето сметка за начинот на комуникација е уште попотребно сега во овој период кога светот се наоѓа во вонредна ситуација и многу од комуникациите се одвиваат  онлајн.

-Сега веќе подолг временски период, целиот свет се наоѓа во вонредна ситуација на здравствен ризик, каде здравствените, економските системи и се разбира најзасегнатите, граѓаните, се соочуваат со економски, здравствени и не само со такви предизвици. Всушност, страда целиот начин на живот и функционирање на едно општество. Учење онлајн, предавања онлајн, концерти, театарски претстави онлајн. Ова, уште повеќе ја зголемува потребата од водење сметка за начинот на комуникација, на појавата и јавното претставување затоа што јазикот треба секогаш да се користи убаво и точно и, короната воопшто не ја намалува неговата вредност. Напротив, со колкава одговорност се грижиме за него, толку поголема вредност ќе имаме во очите на нашите сограѓани, во очите на новите генерации, рече џафери.

Ова, додаде, ќе биде во полза на отстранувањето на предрасудите, и во контекст на предностите што ги нуди едно мултиетничко и повеќејазично општество.

-Да се научиме да се слушаме едни со други, да се научиме да имаме почит едни кон други и кон сета таа целина што го прави еден поединец посебен, неговата етничка припадност, јазикот што го говори, верата на која и припаѓа, социјалниот слој од кој доаѓа, економската состојба, полот, професијата и низа други карактеристики. Ова е најдобриот начин за градење на развиени и напредни општества, современи, европски општества со признаени меѓународни вредности и стандарди кои имаат почит кон основните начела на Универзалната декларација за правата на човекот и Европската конвенција за правата на човекот, истакна во обраќањето претседателот на Собранието.

Џафери потсети дека институцијата чиј прв човек е тиј, е првата институција во која почна да се прави превод на материјалите што се доставуваа до институцијата, што се изготвуваа во Собрание и се доставуваа до пратениците и службата на два јазика.

Собранието, рече, исто така, беше првата институција каде се вршеше консекутивно и симултано толкување на говорниците на седниците на работните тела и на пленарните седници.

-Иако почетокот беше многу тежок, затоа што исклучително малиот број на преведувачи без претходна подготовка во областа што требаше да ја покриваат, скромното опремување со речници и немањето обуки во делот на преведување и толкување не беше во нивна полза, повторно, можам да кажам дека со одминување на времето, со стекнувањето на искуство и збогатувањето на софтверот за преведување, се профилираа преведувачи кои успешно одговараат на секојдневните предизвици во Собранието, рече претседателот на Парламентот во обраќањето на Обуката за превод и толкување, организирана од Агенцијата за примена на јазикот на РСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025

Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци

October 19, 2025

Трамп: Американската војска уништи подморница која со голема количина наркотици пловела кон САД

October 19, 2025
ФОКУС

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

ВЕСТИ October 20, 2025

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во октомври се зголемени за 467 денари во споредба…

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025

Ватикан: Папата канонизираше седум нови светци

October 19, 2025

Ен-би-си Њуз: Организаторите на демонстрациите против Трамп – протестираа 7 милиони луѓе на 2.700 собири

October 19, 2025
ТИКЕР

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025

Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци

October 19, 2025

Трамп: Американската војска уништи подморница која со голема количина наркотици пловела кон САД

October 19, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.