Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери се изнервирал од однесувањето на пратеникот Зеќири и ја прекинал седницата

0
By Соња Петрушевска on February 25, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Талат Џафери се изнервирал од однесувањето на пратеникот Мухамед Зеќири и затоа ја прекинал седницата за гласање за одземање на имунитет на Трајко Вељаноски кој е осомничен како организатор на настаните во 27 април.

Џафери на денешната прес конференција кажа дека Зеќири дофрлал од место да се гласа за точката по дневниот ред.

Собранието имаше рок до полноќ да гласа и да му го одземе имунитетот на Велјановски, а ситуацијата за која зборува Џафери се случуваше во 23 часот и 58 минути.

Џафери претходно на 15 минути пред полноќ, даде и пауза по барање на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, и кога седницата продолжи, наместо да го стави предлогот на гласање, Џафери најпрво се објаснуваше со Никола Мицевски координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, а потоа неочекувано ја прекина седницата.

Спикерот се обиде своето однесување да го објасни и со резултатот на Комисијата за деловнички мандатно имунитетни прашања, каде четворица пратеници на СДСМ гласаа „за“, а четворица пратеници на ВМРО ДПМНЕ гласаа против. Но ваквиот резултат – реми во гласањето, беше исто така поради ДУИ, односно пратеникот Агим Шаќири, кој е член на комисијата и кому му се слошило пред да се гласа на Комисијата.

Шаќири вчера беше присутен на собраниската седница.

Освен на пратеникот Трајко Вељаноски, Собранието не му го одезеде имунитетот ниту на пратеникот Љупчо Димовски, за кого исто така се бара притвор во случај за злупотреба на службената положба како министер за земјоделство. За Димовски, Комисијата за мандатно – имунитетни прашања гласаше со 5 гласови за да му се одземе имунитетот, но за точката не се гласаше на седница.

Џафери денеска за овој случај рече дека „немало кворум“ им дал шанса на владеачкото мнозинство пратениците да си ги соберат пратениците, но тие не го сториле тоа.

На прашање дали Џафери има мнозинство и натаму да биде претседател на Собранието, откако СДСМ кажа дека нема да учествува во работата на Парламентот, Џафери одговори дека тој ќе свика седница и тогаш ќе се види дали има мнозинство.

Претседателот на Комисијата за мадатно имунитетни прашања и пратеник Павле Богоевски денеска преку Фејсбук го обвини претседателот на Собранието Талат Џафери дека го злоупотребил Парламентот за да го заштити организаторот на 27 април, а генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацоски и коориднаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески побараа Џафери да го објасни причините за ненадејниот прекин на седницата кога имало кворум.

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села денеска обвини она што се случи на вчерашната седница за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски е „театар во режија на ДУИ“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.