Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери се сретна со членови на Европскиот Парламент: Изборите ќе го одредат правецот на движење на Северна Македонија

0
By Ана Василевска on May 7, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Техничкиот премиер Талат Џафери, денеска во Владата се сретна со делегацијата на Европскиот парламент за набљудување на изборите.

Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, на средбата биле потенцирани сеопфатните чекори кои беа преземени за изборниот процес да се одржи на демократски, фер и транспарентен начин. Џафери истакнал дека првиот круг од претседателските избори, поминал во мирна и демократска атмосфера, и дека за вториот круг на претседателските и изборите за пратеници во Собранието, се преземени сите мерки за тие да поминат во иста таква атмосфера.

Техничкиот премиер Џафери, ги запознал присутните членови на Делегацијата на ЕП дека остварил координативни средби со ДИК, МВР и со Јавниот обвинител, чие непречено и ефикасно вршење на работата е од суштинска важност за изборниот процес.

Како што се наведува, соговорниците на средбата споделија став дека овие избори, нема само да определат кој ќе биде на власт во Северна Македонија, туку ќе ја одредат иднината и правецот на движење на државата.Тие истакнале дека Планот за раст е досега најсериозната политичка потврда од Европската Унија и конкретен план за ефикасна европска интеграција на Западен Балкан.

Џафери на средбата истакнал дека, Владата е фокусирана на активностите за успешно реализирање и ја усвои ажурираната верзија на нацрт Реформската агенда, со мерки и чекори и истата е споделена со Европската комисија.

-На средбата беше истакнато дека, за Северна Македонија, е од големо значење да не бидат залудни постигнатите резултати од претходните години и во оваа насока, поддршката на про-европските сили во земјава е од голема важност, се посочува во соопштението.

Делегација на Европскиот парламент Избори 2024 Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.