Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: За укинување на „пржинската влада“ потребен е консензус од поголемите политички партии

0
By Ivana on January 26, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За предлогот за укинување на „пржинската влада“ кој веќе е поднесен во Собранието од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, според претседателот на Собранието Талат Џафери, не е проблемот кога ќе се стави на собраниска седница туку е потребно да се обезбеди консензус од поголемите политички партии.

Во гостување на ТВ Сител Џафери вечерва посочи дека и до таквиот модел на влада се дојде со процесот за надминување на политичката криза во 2015 и 2016 година и оти тој договор беше условно кажано постигнат надвор од Собранието помеѓу четирите поголеми политички партии во тоа време. 

-Имавме координација минатиот понеделник, коордионаторот на ВМРО-ДПМНЕ излезе со укажување дека тие подготвиле Предлог закон и ќе го пуштат во постапка. Укажав дека тој предлог закон во секоја смисла треба да ја има и поддршката низ потпис на координаторите како што впрочем и пред неколку години го имавме со соодветните потписи. Но не чекале тоа да се усогласи така, туку го пуштиле.  Ако имало консензус опозицијата требало да чека тој консензус да се изразува и низ потписите на другите координатори од поголемите политички партии,  рече Џафери.

Откако ќе биде преведен очекува законот да се најде на дневен ред на наредната седница на Собранието.

Претседателот на Собранието истакна и дека како пратеници и како Собрание имаат соодветни информации во кој правец и за што се разговара со Бугарија.

-Во секој случај ние како пратеници и како Собрание не може да кажеме дека не знаеме што прави Владата. Имајќи предвид дека како пратеници консензуално донесовме Резолуција во Собранието, во која што определивме насоки, препораки, рамка по која треба да се движи извршната власт. Според законските прописи, надлежноста во меѓународните односи и во извршното претставување, значи е на Владата како посебна власт, но секако ние како Собрание стоиме условно кажано „на главата на извршната власт“ и секако дека имаме соодветни информации во кој правец и за што се разговара, рече Џафери.

Во однос на најавениот отчет од страна на министерот за надворешни работи Бујар Османи на барање на пратеникот Антонио Милошоски за тоа што содржат македонските одговори до Софија за патоказот 5+1, претседателот на Парламентот посочува дека Милошоски не е само пратеник, туку е и претседател на Комисијата за надворешна политика во Собранието, кој и претходно побарал и добил соодветен пристап, и соодветна информација од извршната власт или конкретно од министерот за надворешни работи по односни прашања по кои што сметал дека треба Собранието да биде известено.

-Секако како резултат на тоа доколку се чувствува потреба и пленумот да има седница по односни прашања, ние како Собрание не може да одбегнеме од таа наша обврска затоа што дел од надворешната политика и надворешните односи ги има и Собранието во смисла на она што е следењето на нештата. И секако ниту ние како мнозинство, ниту пак Собранието како целина, како институиција, не одбегнува од таа можност. Но, секако сме сметале дека треба да се остави простор на извршната власт т.е. на Владата да може да ги тера процесите, а соодветно ние тоа да го следиме и во соодветно време доколку треба и треба и ќе треба да се вклучиме. Ние сме подготвени да се вклучиме и како Комисија и како пленум како целина, вели Џафери. 

Прашан дали седницата на Комисијата ќе биде отворена или затворена, тој појаснува дека тоа е во надлежност на Комисијата и доколку има информации коишто се класифицирани, законска обврска е во тој дел за класифицирани информации таа да биде затворена, а доколку нема, како што наведе, тогаш нема причина зошто би била затворена седницата. Тој при тоа нагласува дека за карактерот на информациите одлучува Владата, односно министерот за надворешни работи како создавачи на информацијата.

-Нема никаква пречка во смисла на процедурата она што е пропишано со Деловникот и со законите – оној дел што е јавен и што е отворен да си оди отворено, но доколку има прашања коишто нужно во моментов се потребни да има определена класификација да оди по класификацијата. Тоа претседателот на Комисијата си го знае, Собранието си го знае, институциите тоа си го знаат дека е обврска дека доколку некоја информација во моментов е класифицирана и треба да следи како таква, појаснува Џафери. 

За обвинувањата на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров дека нотата до ОН само во една четвртина е за употребата на краткото и долгото име на државата, а останатото е поврзано со јазикот,  Џафери рече дека тоа е надлежност на Владата и не би коментирал.

– Нема потреба јас тоа да го коментирам затоа што тоа е надлежност на друга институција и се додека е тоа нејзина надлежност, кога ќе дојде со извештајот до Собранието, тогаш ние настапуваме како Собрание да бидеме дел од тоа што ќе биде и како ќе биде за да одлучиме како што одлучивме едногласно и за Резолуцијата, вели претседателот на Собранието Џафери.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.