Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џијан Емин со фантастичен настап во Нови Сад со проектот „La Vie En Rose“

0
By Нова ТВ on December 25, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонскиот диригент и композитор Џијан Емин, на 22 декември настапи во Нови
Сад, во салата на „Српско народно позориште“ заедно со Војвоџански симфониски
оркестар, на концертот под наслов „La Vie En Rose“.
Џијан Емин беше диригент на овој проект кој на македонската публика и е познат под
името „Париз те сакам“ и кој се изведе во Скопје заедно со Филхармонија на концертот
по повод Денот на вљубените пред две години.
Овој пат повторно солистка беше врвната вокалистка Миртил Мишелер од Унгарија, а
и се придружи актерот Иштван Короси. Програмата е составена од вкусно избрани
композиции, популарни француски шансони од Едит Пјаф, Мишел Легранд, Жак
Брел…
Овој настан всушност, беше новогодишен гала-концерт, а билетите беа распродадени
еден месец претходно.

„Целиот концерт помина во прекрасна атмосфера, со убава енергија која не следеше од
првата заедничка проба со оркестарот со кој што во блиското минато имам
настапувано и како хорнист“, вели Џијан Емин.

Со голем број од музичарите со кои е пријател биле пријатно изненадени што сега го гледаат во улога на диригент.

„Миртил беше фантастична како и секогаш, блескава со прекрасна интерпретација на
композициите. Три пати бевме повикани на бис, а јас на еден од тие бисови ја отсвирев
композицијата ‘Фалцер’ на мелодика и заедно со концертмајсторот Владимир Цукович
имавме заедничко соло – импровизација. Многу е ретко во симфониски оркестар
концертмајсторот да има такви високи импровизаторски способности како Владимир
Цукович. Огромно браво и за целиот оркестар и за бендот кој беше составен од врвни
музичари од Србија кои се дел од Биг-бендот на РТС. Концертот заврши со стоечки
овации.“

Инаку, Џијан Емин подготвува два големи настани коишто ќе се случат во февруари.
Првиот е мултимедијален перформанс во големата сала на Филхармонија за кој
наскоро ќе има најава, а вториот настан ќе биде концертен настап заедно со триото
„Ана Кап“ од Франција и музичари од Филхармонија. Со триото „Ана Кап“, Џијан
Емин веќе имаме издадено еден носач на звук кој беше снимен во Франција пред три
години. Во февруари ќе снимаат нов материјал кој ќе имаме прилика да го слушнеме

Емин Џијан концерт Нови Сад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.