Должноста на првата дама на САД е да ја пречека, но и да ја украси елката во Белата куќа. Ова го стори и Џил Бајдем сопругата на американскиот претседател, Џо Бајден.
„Тука е“, напиша Џил Бајден на социјалната мрежа „Твитер“ на која сподели фотографија со дрвото, кое е високо околу пет и пол метри. Елката ќе биде поставена во овалниот Син салон на Белата куќа.
It’s here! pic.twitter.com/9kjM5tl40u
— Jill Biden (@FLOTUS) November 23, 2021
А, за тоа како првата дама на САД ја украсила елката, јавноста ќе види на Денот на благодарноста.
– Секоја година лустерот се отстранува од собата, за да може елката да се вклопи во неа со полна висина, соопшти Џил Бајден.