Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џинови и кепеци: Милошоски, Јанкулоска и Чилиманов

0
By Биљана Секуловска on February 25, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тврдокорниот дел од македонската популација (колку што гледам, се работи за сто до двесте дезориентирани вмровски поддржувачи) официјално објави жестока и бескомпромисна борба против падот на Груевски.

Но,  овие тврдокорци, исто така се повикуваат и на борба против албанскиот јазик, кои во омразата и стравот од губење на власта на Груевски, забораваат на еден факт околу албанската Платформа: Груевски ја прифатил во преговорите со ДУИ, што беше јавно објавено од раководството на оваа албанска партија.

Протестот на тврдокорните

Но, основата на оваа Платформа, секако дека е албанскиот јазик. Барањето да се говори на мајчин јазик, не враќа 70 години наназад, кога слободата и јазикот биле императив во зачувување на идентитетот на еден народ.

Но, оваа борба за која сакам да потсетам, е обратна од македонската, онаа најтврдокорната во национализмот и омразата, кој се поддржува и поттикнува директно од владејачката партија ВМРО.

Протестот во Дака

Тогаш е девет часот наутро, 1952 година, пред Универзитетот во Дака, Источен Пакистан, денешен Бангладеш.  Се собираат бенгалските студенти, кои протестираат после одлуката на Владата да биде прогласен Урду јазикот за официјален. Мнозинството на Бенгалци е 54% и токму затоа, тоа утро во 9 часот, тие го окупираат Универзитетот- во одбрана на бенгалскиот јазик.

После два часа, студентите се обидуваат да ја пробијат полициската одбрана во Универзитетот, но солзавецот и отпорот на полицијата ги спречува да го скршат обрачот.

Една друга група студенти, во друг дел од градот, разгневена заради апсењата на нивните колеги во универзитетскиот округ, го блокира Собранието, инсистира да влезе и пред пратениците да ги изложи причините за овие протести. Кога доаѓа до опасност да биде совладана полициската сила, доаѓа до трагедијата. Полицијата во одбрана на Собранието отвора оган и убива студенти, оние студенти кои бараа да влезат во Собранието и да говорат зошто им е важен нивниот мајчин јазик. Немирите еруптираат, но Нурул Амин, главниот министер на оваа провинција на Источен Пакистан, останува безмилосен. Тој одбива да ги посети повредените студенти кои лежат во болница. Нурул Амин е познат како Патриотот на Пакистан.

Датумот на овој ден кога загинуваат студентите во Дака, кореспондира со датумот на меѓународниот Ден на мајчиниот јазик. Резолуцијата за Денот на јазикот на Обединетите нации е иницирана од Рафикул Ислам, Бенгалец кој со писмо му се обраќа на тогашниот генерален секретар, Кофи Анан. Тој бара од него да се стори нешто да се сочуваат сите јазици на светот од можноста од изумирање, исчезнување- предлогот е токму 21 февруари како Ден на јазикот, оној ден кога студентите ги убиваат во Дака.

Бодлер

Силата на еден  јазик, неможноста да го искорените од грлото, од утробата на човекот,  можеби најдобро ја отсликува иронијата на една лекција запишана од Бодлер, во 1866 година, во време на супремацијата на францускиот јазик во Брисел, која не била правопропорционална со француското население:

“Во Брисел, луѓето навистина не зборуваат на француски, но се преправаат дека не зборуваат фламански. За нив, тоа е прашање на добар вкус. Доказот дека всушност говорат на добар фламански е нивното викање кога им наредуваат на своите слуги- а тоа е на фламански.”

Антонио Милошоски, протест на ДИК, попознат како повик за Ноќта на долгите ножеви (15.12.2016)

Тоа е таа иронија низ вековите- омразата кон македонскиот јазик на пример, најдобро ја илустрираат бесрамноста и бесчестието на еден Антонио Милошоски, кој говори за џуџето Блаже Конески, еден Цветин Чилиманов, кој пишува за џуџето Кочо Рацин и дека најдоброто што го сторил е дека умрел, една Гордана Јанкулоска, која вели дека за неа “македонскиот идентитет не е ниту Славко Јаневски, ниту Томе Серафимовски, ниту кое било име или поединец”. Токму затоа, да се сонува на еден јазик, подразбира најпрво да се исполни еден услов- да се стави крај на кошмарите кои имаат име и презиме како Милошоски, Чилиманов и Јанкулоска, тврдокорните кепеци на вмровското време.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.