Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џо Бајден е новиот претседател на САД: Време е Америка да се обедини!

0
By Нова ТВ on November 7, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Џо Бајден ќе биде новиот претседател на Соединетите Американски Држави објавија најголемиот број американски и светски медиуми, откако кандидатот на Демократската партија и формално беше прогласен за победник во државата Пенсилванија со што ги надмина 270-те неопходни гласови според електорскиот колеџ.

„Америка, чест ми е што ме избравте да ја предводам нашата величествена држава. Работата која е пред нас ќе биде тешка, но ви ветувам ова: Ќе бидам претседател на сите Американци – без разлика дали гласавте за мене или не. Ќе ја чувам вербата која ја вложивте во мене“, напиша тој на Твитер набрзо по прогласување на резултатите.

America, I’m honored that you have chosen me to lead our great country.

The work ahead of us will be hard, but I promise you this: I will be a President for all Americans — whether you voted for me or not.

I will keep the faith that you have placed in me. pic.twitter.com/moA9qhmjn8

— Joe Biden (@JoeBiden) November 7, 2020

Победата на Бајден доаѓа на третиот ден од оддржувањето на изборите во вторникот, откако голем број клучни држави, како Џорџија, Пенсилванија, Невада и Аризона имаа толку тесен резултат што најголемите телевизии и новински агенции не се осмелуваа да прогнозираат кој ќе ја однесе победата до речиси последните пребројани гласови.

Новоизбраниот претседател се очекува вечерва да се обрати на јавноста.

Пред оваа функција, Бајден, кој има 77 години, беше потпретседател на САД во мандатот на претседателот Барак Обама. Тој е истовремено и најдолготрајниот сенатор од државата Делавер. Официјално претседателската функција ќе ја преземе на 20-ти јануари 2021 година.

Неговата партнерка во претседателската трка, Камала Херис, ќе стане првата жена потпретседател на САД.

Бајден, на национално ниво, освои најмногу гласови во историјата на изборите на САД, скоро 75 милиони гласови. Во вкупниот број гласови го победи неговиот противкандидат, актуелниот претседател Доналд Трамп со повеќе од 4 милиони гласови разлика.

Проекциите на медиумите засега се сведуваат на неофицијални резултати од државите кои ги изброија гласовите, додека истовремено претседателот Трамп, кандидатот на Републиканската партија, најави дека нема да го признае поразот и соопшти дека судски ќе ги оспори резултатите.

Бајден ќе стане 46-тиот претседател на САД. Тој кампањата ја водеше на ветувања за зголемување на минималната плата и инвестиции во зелена енергија, реформа на кривичното право за заштита на малцинските заедници, повторно приклучување во Парискиот климатски договор, проширување на здравствената заштита, универзално претшколско образование, проширување на бесплатното високо образование, враќање на угледот на САД во надворешната политика, како и проактивна борба со Ковид-19.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.