„Се гледаме, разговараме и се претставуваме секој ден во Њујорк. Тоа е минимумот“, нагласил денеска американскиот амбасадор во Москва, Џон Саливан, во интервју за агенцијата ТАСС.
Москва и Вашингтон не можат целосно да се разделат, изјавил Саливан.
„Не можеме само да ги прекинеме дипломатските односи и едноставно да не разговараме. Барем секој ден седиме еден до друг во Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк“, додал тој.