Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ди Александер – едно од врвните имиња на Скопје џез фестивал

0
By Нова ТВ on October 13, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Актуелни и врвни имиња во џез-музиката од САД, Европа и Африка ќе бидат дел од 36 издание на Скопскиот џез-фестивал што ќе се одржи од 19 до 22 октомври.

Ексклузивно за единствен европски концерт, од Чикаго доаѓа една од најдобрите џез-пејачки во светот – Ди Александер (20 октомври). Во иста вечер (21 октомври) ќе настапат две легендарни имиња од САД – Марк Рибо со проектот Јанг Филаделфијанс (The Young Philadelphians) и Стив Колмен со легендарните Фајв елементс (Five Elements).

Од Норвешка ќе гостуваат два големи ансамбла – Трондхејм Џез Оркестра (Trondheim Jazz Orchestra) со Оле Мортен Ваган и Пал Нилсен-Лав Ларџ Јунит (Paal Nilssen-Love Large Unit).

Еден од најдобрите светски џез пијанисти, Крег Тејборн, ќе настапи со својот квартет, а ќе гостуваат и две европски триа – Триото на Давид Хелбок и Интерзоне на Марио Ром. Два полноќни концерта со афро-бит легендите Орландо Џулиус и Хелиоцентрикс (Heliocentrics) и Ентони Џозеф со својата група. Соло-настап ќе има големото име на италијанскиот џез – Роберто Отавиано.

Во четирите главни вечери (19-22 октомври) концертите ќе се одржат во Македонската опера и балет со почеток во 20 часот. Во втората и третата вечер (20-ти и 21 октомври) полноќните концерти ќе се одржат во Дансинг-салата на Младинскиот културен центар. Четвртиот ден ќе  има попладневен концерт во кино „Фросина“ во МКЦ со почеток во 17 часот.

На годинашниот Скопски џез-фестивал ќе има и посебна дополнителна програма составена од проекции на два документарни филма и една мултимедијална презентација.

Презентацијата на Ичо Видмар „New Music In New York” и проекцијата на документарниот филм „The Jazz Loft According To W. Eugene Smith“ ќе се одржат во кино „Фросина“ на 21 октомври со почеток во 15 и 16 часот. Проекцијата на филмот „Dixieland” (програма за млади) е во соработка со фестивалоте „Џифони“ и „Македокс“ и ќе се одржи во кино „Фросина“ на 20 октомври со почеток во 12 часот.

Билетите се во продажба во Југотон рекордс, Македонската опера и балет, Младинскиот културен центар и mktickets.mk. За трите настани од дополнителната програма влезот е слободен.

36 издание Скопје џез фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.