Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дијализа: Високи тонови на странските фирми

0
By Нова ТВ on July 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неизвесна е иднината на дијализата која во наредните 20 години ќе биде дадена под концесија и со неа треба да стопанисуваат фирмите Метроплитен и Орка Холдинг, неофицијално дознава НОВА од високи извори, кои се добро упатени во оваа проблематика.

Според неофицијалните информации, гигантот Нипро кој треба да ја снабдува македонската фирма Метрополитен, бил много вознемирен поради условите кои се наведени во договорот, а се пропишани од Министерството за здравство.

Наводно, Нипро одбива да се вклучи уште една компанија која треба да снабдува со друг медицински потрошен материјал и сака да ја обезбеди целокупната услуга почнувајќи од апарати, лекови до раствори. На овој начин, доколку се здружи со друга комапнија, Нипро не може да гарантира за квалитетот, велат нашите извори.

Од компанијата која е специјализирана за овој вид производство, и е препознатлив бренд секаде во светот дури најавиле дека постои опаснот да дојде до прекин на договорот.

НОВА се обиде да добие официјална информација од седиштето на Нипро за Европа, во Брисел но од таму не сакаа да коментираат ништо.

Од Фирмата Метрополитен тврдат дека станува збор за шпекулации и демантираат дека има било какви несогласувања со Нипро. Тие ни испратија копија од договорот со Нипро и велат дека тој воопшто не е прекинат.

-Нипро никогаш немал амбиции да држи монопол, но затоа пак некои други фирми кои сакаат да создадат монополоп не сакаат да соработуваат со други, ни соопштено преку СМС порака од раководството на Метрополитен.

Во меѓувреме, Здружението на бубрежно болни „Нефрон“ во вторник подготвува прес конференција, незадоволни што нивните забелешки за концесиите на центрите за дијализа воопшто не биле разгледани и прифатени во Министерството за здравство.

Од „Нефрон“ ќе побараат да се донесат правилници и стандарди со кои ќе се регулира работењето на центрите кои ќе бидат дадени под концесијата, но и воведување на контролни механизми за да не дојде до загрозување на нивното здравје.

За нив, Јавниот оглас кој беше распишан за оваа цел е сомнителен, а условите кои се пропишани не ја гарантираат нивната безбедност. Тие предупредуваат дека вака како што се поставени работите со дефинирање на разни специфичности, површини на филтри, раствори и друг потрошен материјал се фаворизираат одредени производители, а целиот проект отвара можност за сомнежи.

Особено според нив е индикативна одредбата со која компанијата која ќе добие на повикот е обврзана да склучи договор со два производители, од кои едниот ќе набавува апарати, друг раствори и слично.

-Нефрон неможе да прифати ниту дел од одговорноста од евентуалните последици поради непружената можност од страна на Министерството конструктивно да учествуваме во изготвувањето на проектот и да го го дадеме својот придонес, се вели во писмото со забелешки кои беше испратено до надлежните во здравството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.