На сите избирачки места почна гласањето на време. Имаше технички проблеми на неколку избирачки места во Скопје и на неколку избирачки места низ земјава. Сите тие проблеми сега се решени и гласањето продолжува.
Таму каде беше прекинато гласањето повеќе од еден час, ќе продолжи за толку колку што е прекинато, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на ДИК Александар Даштевски.
Тој информира дека излезноста до 9 часот е 5,25 отсто, односно гласале 56.700 гласачи. Во општина Ранковце процентот на излезност е 15,23, Конче -14,28, Пехчево – 13,73, Лозово – 11,89, Зелениково -11,74, Кратово – 11,02, Пробиштип – 10,94, Демир Хисар – 10,88, Вевчани – 10,51, Ресен – 9,18, а во другите општини излезноста е под 10 отсто.
На сите избирачки места почна гласањето на време. Имаше технички проблеми на неколку избирачки места во Скопје и на неколку избирачки места низ земјава. Сите тие проблеми сега се решени и гласањето продолжува. Таму каде беше прекинато гласањето повеќе од еден час, ќе продолжи за толку колку што е прекинато, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на ДИК Александар Даштевски.