Државната изборна комисија вечерва продолжува со работа и како што се очекуваше најжестока дискусија предизвикаа приговорите на ВМРО ДПМНЕ за вториот круг гласање во Куманово.
Овластениот претставник на ВМРО ДПМНЕ, Илија Илиоски обвини за семејно гласање како и агитација на избирачките места во оваа изборна единица.
Претседателот на ДИК, Кондарко, пред почетокот на расправата, вечерва, побара одреден број на предмети да се разгледаат во пакет, бидејќи во основа се работело за истоит вид нерегуларности при гласањето.
До овој момент се разгледани вкупно 11 приговори на ВМРО ДПМНЕ и сите се одбиени.