Во ДИК се уште се чекаат гласачките кутии од Струга, каде треба да се докаже сомневањето на некои од членовите на ДИК дека “бугарски воз” ги наместил изборите- се работи за кутија од гласачкото место 1885.
Имено, на гласачкото место 1885, Вишник Струга од 19 ливчиња 9 биле за ВМРО-ДПМНЕ, но ДИК се сомнева дека ливчињата од ова гласачко место ротирале по други изборни места и дека ова е еклатантен доказ за бугарски воз.
Освен тоа, едно ливче со печат од гласачкото место 1885 е пронајдено во 1911.