Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК ги разгледува приговорите поднесени од партиите

0
By НОВА ТВ on November 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната изборна комисија денеска ја одржа 38-та седница на која одлучуваше по поднесените приговори од подносителите на листи и предлог дополна на заклучок за известување на конечни резултати во неколку општини.

До Државната изборна комисија беа поднесени вкупно 15 приговори поднесени од ДУИ – пет, ТМРО – седум и Група избирачи Енвер Пајазити – три.

ДИК ги разгледа приговорите, при што седумте приговори на ТМРО во Старо Нагоричане беа отфрлени, со образложение дека согласно Член 148 од Изборниот законик не се поднесени преку овластен претставник или лично до архивата на ДИК. Тие се поднесени до општинските изборни комисии, што е спротивно на Изборниот законик, а воедно и не се потпишани од овластен претставник.

По поднесени три приговори на Демократската унија за интеграција за Општина Студеничани, за заштита на избирачко право на подносителите листи, со образложение дека бројот на гласачите не се совпаѓа со вкупниот број на гласачки ливчиња, ДИК одлучи да се отвори материјалот врз основа на член 147, точка 10, за да се види фактичката состојба.

Со објаснување дека приговорите немаат основа, членовите на Комисијата едногласно изгласаа дека се одбиени трите приговори на ДУИ.

Политичката партија ДУИ поднесе и два приговори за Општина Желино, со објаснување дека отпечатоците од прст не се совпаѓаат со бројот на гласачите и оти граѓанин гласал со неважечка лична карта.

Согласно член 148, став 3 ДИК едногласно одлучи да биде отворена избирачката кутија со цел да се утврди дали граѓанинот гласал со неважечка лична карта на избирачкото место 2107, а потоа и да се утврдат неправилностите во гласањето со отпечаток од прст. За да утврди дали имало неправилности Комисијата побара да ОИК од Желино да и достави посебни обрасци на избирачките списоци со решенија за запишување на посебно избирачко право.

По повлекување на приговорите од страна на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за изборните резултати во вториот круг во неколку општини, претседателот на ДИК, Александар Даштевски ги објави конечните резултати во Конче – Златко Ристов од ВМРО-ДПМНЕ, Кочани – Љупчо Папазов од ВМРО-ДПМНЕ, Пробиштип – Драган Анастасов од СДСМ, Чешиново-Облешево – Далибор Ангелов од СДСМ, Шуто Оризари – Курто Дудуш од ЛДП/ДОМ.

Седницата на Државната изборна комисија сè уште трае. Се разгледуваат приговорите на групата избирачи Енвер Пајази за Брвеница.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.