На дневен ред на деншеното продолжение на седницата на Државната изборна комисија ќе се разгледуваат 13 приговори поднесени од ВМРО – ДПМНЕ за изборниот процес во Струга.
Доцна синоќа ДИК разгледа 4 приговори, од кои 2 се одбиени, а 2 усвоени. Приговорите се поднесени од ВМРО- ДПМНЕ во врска со изборни нерегуларности во вториот круг од гласањето во Струга.
На ова предходеше закана од Бедредин Ибраими, член на ДИК од ДПА дека ќе ја напушти седницата.
Додека пак Субхи Јакупи од ДУИ обвини за етничко гласање:
– Вие мислите дека сте патриоти. Не сте вие патриоти. Не е добро што гласате така ни за вас, ни за ДИК, ни за државата. Патриот е тој што работи за својата земја, за својот народ, за своите граѓани и за своите деца. Тогаш ѝ помагаме на државата. Вака вие како што сакате да ја терате, тогаш вие не сте патриоти, рече Јакупи.
ВМРО- ДПМНЕ за нерегуларности во вториот круг локални избори во Струга поднесе 17 приговори.
Откако ќе бидат разгледани преостанатите 13 приговори за Струга, ДИК треба да ги разгледа и 252-та приговори на СДСМ за гласањето во 15 општини.