Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК на Црна Гора ги објави конечните резултати: Милатовиќ 58,9 отсто, Ѓукановиќ 41,1 отсто од гласачите

0
By Ана Василевска on April 6, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Избори Црна Гора
Избори Црна Гора
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Државната изборна комисија денеска ги објави конечните резултати од претседателските избори во Црна Гора, според кои Јаков Милатовиќ, кандидатот на Движењето Европа сега, извојува убедлива победа, со поддршка од 58,9 отсто од гласачите.Кандидатот на Демократската партија на социјалистите (ДПС), претседателот во заминување Мило Ѓукановиќ освои 41,1 отсто од гласовите, односно 66.823 гласа помалку од Милатовиќ.

Во неделата се одржа вториот круг од претседателските избори, а Ѓукановиќ го прифати поразот и му честиташе на противкандидатот Милатовиќ.

По поразот на претседателските избори, лидерот на ДПС реши да се повлече од функцијата лидер на партијата, која, со кратки прекини, ја извршуваше од 1997 година.

Ваквата одлука Ѓукановиќ во средата ја соопштил на раководството на партијата, а денеска треба да ја официјализира во Главниот комитет на ДПС.

Одлуката на Ѓукановиќ беше очекувана, бидејќи ја најави во кампањата за претседателските избори.

Ѓукановиќ, за време на своето тридецениско владеење, седум пати беше премиер, а во два мандата ја извршуваше должноста претседател на државата.

Вршител на должноста претседател на ДПС до партискиот конгрес и изборот на нов претседател ќе ја извршува претседателот на пратеничкиот клуб на таа партија во Собранието, Данијел Живковиќ, потврдија за агенцијата Бета од партијата.

Избори Црна Гора Јаков Милатовиќ Мило Ѓукановиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.