Гласањето се одвива нормално, освен мали технички проблеми на неколку избирачки места кои се надминати, истакна претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
До 11 часот излезноста е 14,18 проценти, а вкупниот број на избирачи кои гласале се 160.035.
Поголема излезност е регистрирана во Ранковце 38,2%, Вевчани 31,24%, Демир Капија 30,14%, Пехчево 28,44%, Конче 26,74%, Демир Хисар 25,19%, Битола 19,56“.
Во Оштините Сарај, Боговиње има најмала излезност од 11 часот со околу 6 проценти. Најмала излезност до 11 часот има во скопски Сарај 5,19 и во Боговиње 6,8 отсто.
Како што соопштија од Државната изборна комисија (ДИК), прекин во гласањето повеќе од еден час имало на неколку избирачки места и тоа во Сарај, Центар, Карпош, Зелениково и Чешиново-Облешево. Според претседателот на ДИК Александар Даштевски, причините биле банални односно намало сигнал во катричката која се става во уредот за гласање со отисок од прст. За да нема поголем застој, како што кажа Даштевски, гласањето потоа продолжило на класичен начин.