Досега одбиени пет приговори поднесени од ВМРО – ДПМНЕ за гласањето во општина Центар.
Државнмата изборна комисија само од општина Центар треба да разгледа уште 61 приговор.
Потоа, треба да бидат разгледани 17-те приговори исто така на ВМРО-ДПМНЕ за Струга. Последни за разгледување се 252 приговори за 15 општини поднесени од СДСМ и коалицијата.
ДИК досега нема прифатено ниту еден приговор поднесен од партиите. Одбиени се 30 приговори на ВМРО-ДПМНЕ за Куманово, 16 на НДП, 4 на ДУИ и 2 на ДПА.
Управниот суд до сабота до 19 часот треба донесе решенија по евентуалните жалби од политичките партии на одлуките на ДИК.