После жестока расправа за приговорите од ВМРО – ДПМНЕ за гласањето во општина Центар, членовите на ДИК одбија три приговори.
Членот на ДИК од ДПА, Бедредин Ибраими во текот на денешната расправа побара да се спојат сите приговори кои се поднесени по иста основа со цел да се заштеди време.
Предходно овластениот претсваник на ВМРО – ДПМНЕ, Илија Илијоски рече дека на гласачкото место 2844 се агитирало и се вршело притисок врз гласачите.
На ова претседателот на ДИК, Борис Кондарко одговори дека тоа се паушални забелешки, бидејќи не е наведено кој врз кого вршел притисок.
Членот на ДИК, Виолета Дума додаде дека воопшпто не треба да се расправа за овој приговор бидејќи е доставен после истекот од рокот, односно надвор од законското време.
Членовите на Комисијата ќе продолжат со разгледување на приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Центар, уште 65. Потоа, треба да бидат разгледани 17-те приговори исто така на ВМРО-ДПМНЕ за Струга. Последни за разгледување се 252 приговори за 15 општини поднесени од СДСМ и коалицијата.
ДИК досега нема прифатено ниту еден приговор поднесен од партиите. Одбиени се 30 приговори на ВМРО-ДПМНЕ за Куманово, 16 на НДП, 4 на ДУИ и 2 на ДПА.
Управниот суд до сабота до 19 часот треба донесе решенија по евентуалните жалби од политичките партии на одлуките на ДИК.